Member area



Влез

BANK 3000

Основната наша дејност е развој и поддршка на комплетни банкарски решенија, па оттаму ова решение има водечко место во палетата на нашите апликативни решенија. Bank3000 е интегриран банкарски информациски систем кој во своето јадро ги содржи сите модули кои ја сочинуваат суштината на банкарското работење. Неговата основна карактеристика е можноста за проширување и надоградување над неговото јадро за да се извлече максимумот од неговата отворена архитектура.
Bank3000

Детали

Bank3000 е изграден на современа развојна платформа која Ви овозможува брз старт со работењето на Вашата тековна опрема, притоа давајќи максимум флексибилност за негово надоградување со растењето на операциите на банката. Избраните елементи на кои се базира Bank3000 претставуваат водечки светски стандарди : Oracle базата на податоци и dotNET технологијата на програмирање овозможуваат имплементација на секоја серверска платформа. Тука примарна е имплементацијата на Linux што може да донесе значителни заштеди за банката избегнувајќи серверски лиценци и дозволувајќи почеток со поедноставен серверски хардвер, притоа задржувајќи го комодитетот и продуктивноста на Windows клиентската работна околина. Системот во голема мерка е интегриран со најголемите office пакети на пазарот : Microsоft Office, StarOffice и OpenOffice, давајќи Ви можност да го користите пакетот кој Ви носи најмногу заштеда и стратешки предности.

Бенефити и придобивки

  • Модуларен и лесно надградлив
  • Real-time ажурност
  • Безбеден и сигурен
  • Поддршка на клиентски и регулаторни извештаи
  • Безбеден и сигурен
  • Мала ТСО
  • Зголемена ROI
  • Едноставност
  • Автоматско раскнижување
  • Целокупно автоматизиран процес

Композитни модули :