За потребите на нефинансиските компании SPD има развиено посебен пакет кој се базира на BANK3000 кој како главни модули ги вклучува книговодство и сметковотство. Главните особености на BANK3000 модуларноста, ефикасноста, безнедноста, стабилноста не инспирираа да го креираме овој продукт кој може да биде дополнет со модули по ваша желба. InfoS3000 е изграден на современа развојна платформа која Ви овозможува брз старт со работењето на Вашата тековна опрема, притоа давајќи максимум флексибилност за негово надоградување со растењето на операциите на компанијата. Избраните елементи на кои се базира InfoS3000 претставуваат водечки светски стандарди : Oracle базата на податоци и dotNET технологијата на програмирање овозможуваат имплементација на секоја серверска платформа. Тука примарна е имплементацијата на Linux што може да донесе значителни заштеди за компанијата избегнувајќи серверски лиценци и дозволувајќи почеток со поедноставен серверски хардвер, притоа задржувајќи го комодитетот и продуктивноста на Windows клиентската работна околина. Системот во голема мерка е интегриран со најголемите office пакети на пазарот : Microsоft Office, StarOffice и OpenOffice, давајќи Ви можност да го користите пакетот кој Ви носи најмногу заштеда и стратешки предности.