печати | затвори
Правила и совети за користење на E-Banking системот
За да работи правилно системот, вашиот Browser мора да поддржува JavaScript. Консултирајте го Вашиот администратор во врска со security параметрите на browser-от.

Пријавување и користење:
Се пријавувате на системот со користење на корисничко име и лозинка која Ви е позната само Вас. После првото пријавување во системот задолжително сменета ја вашата лозинка (Во менито Профил/Смена на лозинка), заради поголема безбедност. По пријавувањето во системот ги гледате сите сметки со кои може да работите, како и детали за истите. Со одбирање на некоја од нив, од левата страна на располагање се менијата со сервисите кои ви се доделени за одбраната сметка. Типови на сервиси има два, и тоа:
BANKING сервиси, прегледи и информации за активностите на сметката, и
PAYMENT сервиси, за организирано плаќање (трансфер на средства) на други сметки.
Пример: Сервисот "Извод за датум" за сметките кои учествуват во платниот промет, е BANKING сервис, кој за внесен датум го дава изводот за сметката за тој датум.
На располагање Ви е и поштенското сандаче преку кое можете да испраќате пораки до нашиот администратор, за се што Ве интересира во врска со функционирањето на E-Banking системот.

Безбедност:
Безбедноста е регулирана според сите стандарди за безбеден Интернет сообраќај.
Вашето корисничко име и лозинка се шифрирани,
Бројот на сметката не е во целост зададен со цел да не може секој да ја види (пр. 000-36000546хх-хх). Во вашиот профил може да го менувате изгледот на сметката за на екран, на Ваше барање.
После период на неактивност од 5 минути, Вашата корисничка сесија на E-Banking системот се деактивира, и ќе морате повторно да внесете корисничко име и лозинка доколку сакате да го користите системот. Ова е повторно заради Ваша безбедност. (пр. ако се оддалечите од компјутерот подолго време, а сте заборавиле да се одјавите од системот, системот може да го користи некој што ке се појави на Вашиот компјутер, па заради тоа сесијата автоматски се деактивира.)

Совети:
Секогаш користете го "Одјава" линкот за одјавување од системот,
Не се препорачува користење на "Back" и "Refresh"(F5), бидејќи податоците може делумно или во целост да бидат прикажани неточно,
Датумите се во формат: ден.месец.година , а на располагање Ви е и календарот кој се наоѓа десно од секое поле за внес на датум,
Не дозволувајте никој да го знае Вашето корисничко име, а особено лозинката, која може да ја промените после најавата во системот.

Овој систем го градиме со цел да овозможиме поголема ефикасност во Вашето работење, и Вие како крајни корисници на системот сте добредојдени да дадете Ваши коментари, совети, пофалби, преку пишување на пораки од Вашето Поштенско Сандаче.